Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 35, Куманово 12, Штип 23, Прилеп 1, Тетово 5, Струга 1, Битола 7, Охрид 6, Гостивар 15, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Валандово 1, Виница 1.

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Струга и пациент од Охрид.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје 103, Куманово 13, Дебар 1, Штип 75, Тетово 31, Битола 2, Кавадарци 2, Гостивар 19, Кочани 2, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 2, Свети Николе 4, Ресен 2.

Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари