По двете одиграни кола во Првата Фудбалска Лига за жени, фаворитите за највисок пласман, „Кочани“ и „Драгон 2014“ покажаа дека и годинава нивните меѓусебни дуели ќе решат кој ќе биде новиот шампион.

„Жетварките“ иако ја немаат уште играта која од нив се очекува сепак остварија две победи. Противниците за 180 минути создадоа десетина стопостотни прилики за гол од кои искористија само една што јасно покажува дека линиите во одбраната не функционираат онака како што се очекува. Но сепак „Кочани“ во ова првенство доби едно големо засилување. Се работи за младата шеснаесетгодишна Јана Чубриновска која со своите два настапи покажа дека е иднината на женскиот Македонски фудбал. Ако во првото коло Чубриновска се адаптираше на новата средина, веќе во саботата против „Ас Јунајтед“ го покажа својот голем раскошен талент. Одзеде, но и дистрибуираше голем број на употребливи топки кои секогаш беа потенцијална опасност по голот на противникот.

Екипата на „Драгон 2014“ иако првенството го започна без повредените Атанасова и Веселинова и Марковска и Јаковска кои го напуштија клубот, сепак на стартот покажа добра игра и голема ефикасност, што не значи дека тоа е крајниот нивен домет. Од нив како натпреварите ќе одминуваат се очекува уште подобра игра и поголема ефикасност.

Ако „Кочани“ во првиот две кола оствари две победи, втората екипа од општината „Младост Иднина С“ забележа една победа и еден пораз. Во првото коло оризарки како домаќини славеа над „Тиверија“ со 2:1, а додека во второто коло како гости загубија од минатогодишниот шампион „Драгон 2014“ со 0:5.

Резултати од второто коло:

„Кочани“ – „Ас Јунајтед“  4:1

„Драгон 2014“ – „Младост Иднина С“  5:0

„Топ Гол“ – „Тиверија“  1:0

„Речица“ – „Борец“  0:1

„Конзули Јунајтед“ – „Истатов“  3:1

С. Ивановски

P3830557

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари