ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“

март 21, 2022
0 минути

Денес и официјално започна акцијата за собирање потписи од граѓаните со кои би се ставило крај на најголемиот загадувач на воздухот па и водата во Кочани и околината, компанијата „Пејпар Мил“.

Днес првиот пункт за собирање на потписи беше поставен на платото во Градскиот Трговски Центар а граѓаните околу три часа доаѓаа и се потпишуваа па само денес се собрани нешто повеќе од триста потписи кои заедно со оние на протестот кога се потпишаа 431 граѓанин даваат една импозантна бројка која секако ќе треба да ги радува сите кои сакаат чист воздух и здрава  животна средина.

Од организаторот „Чист воздух во Кочани“ дознаваме дека наредните денови вакви пунктови ќе бидат отворени на повеќе локации во градот се со цел граѓаните да бидат што помасовно известени за оваа граѓанска иницијатива и со нивните потписи да се реши проблемот со „Пејпар Мил“ се со цел да почнеме да живееме во чиста и здрав животна средина.

С. Ивановски