Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 65,  Куманово 14, Дебар 6,Штип 21, Прилеп 3,Тетово 12, Струга 5,
Велес 12, Битола 7, Охрид 4, Кавадарци 7, Гостивар 14, Струмица 1, Крива Паланка 1, Радовиш 4, Кочани 5, Пробиштип 3, Демир Хисар 2, Македонски Брод 4,Свети Николе 3, Кичево 6, Неготино 1.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес 2, Битола 6, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Кичево 3, Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари