Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 20, Куманово 16, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 4, Битола 1, Охрид 2, Кавадарци 15, Гостивар 10, Гевгелија 1, Радовиш 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Виница 3, Свети Николе 5, Кичево 7, Неготино 1.

Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје 173, Куманово 28, Штип 93, Прилеп 8, Тетово 23, Струга 36, Охрид 15, Гостивар 28, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Свети Николе 3, Кичево 1, Ресен 5.

Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари