Во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 39, Куманово 10, Штип 23, Прилеп 1, Тетово 8, Струга 6, Битола 3, Охрид 2, Гостивар 13, Крива Паланка 2, Кочани 3, Пробиштип 1, Демир Хисар 3, Македонски Брод 3, Берово 1, Виница 3, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 18.

Почината е една пациентка (51г) од Скопје во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје 60, Куманово 7, Прилеп 4, Тетово 3, Струга 15, Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 7, Гостивар 35, Радовиш 1, Крушево 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Кратово 2, Свети Николе 13, Кичево 5, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари