Улицата „Васил Главинов“ во Белското Маало во Кочани се подготвува за асфалтирање. Изграден е потпорен ѕид во должина од трисетина метри, поставена е фекална канализација, а механизација на изведувачот работи на ископ и порамнување на теренот.

„Станува збор за улица која беше сложена за изведба како поради конфигурацијата на теренот, така и поради нерешени имотно-правни односи. Деновиве очекуваме да биде тампонирана и асфалтирана оваа улица долга 161 м“ соопштуваат одговорните од Одделението за уредување на градежното земјиште во Општина Кочани.

„Васил Главинов“ е една од осумте улици што се градат со средства од Буџетот на Општина Кочани за тековната година.

Веќе се асфалтирани улиците „7 Септември“, кракот 2 од „Искра“ и „9 Мај“.

Подготовки за асфалтирање се одвиваат и на крак од улицата „Крум Вранински“, каде е поставена фекална канализација во должина од 130 м, како и на крак од „Карпошово востание“, долг 270 м. За изградба се планирани крак на „565“ во Лесна индустрија и дел од улицата „Борис Ефтимов“.

PIC_7415

PIC_7425

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари