Во организација на Модното студио „Црнокрак“ и „Либеро кафе“ вечерва во Кочани беше избрана „Мис Глоуб“ за Кочани, како дел од турнејата на која осумте убавици посетија десет градови во Македонија.

Во преполнетото „Либеро кафе“ кое вечерва беше центар на убавината во четирите круга продефилираа осум прекрасни девојки по што жири-комисијата навистина имаше тешка задача да ги одбере најубавите.

Комисијата одлучи титулата „Мис Глоб“ за Кочани да ја понесе Елена Ангеловска од Скопје, прва придружничка е Кристина Попкрстева од Кочани а честа да биде втора придружника и припадна на Ангела Ставревска од Охрид.

Инаку финалниот избор „Мис Глоуб 2015“ ќе се одржи на 10 Септември во хотелот „Романтика“ на Велешко езеро, а победничката ќе ја претставува Република Македонија на светскиот избор на „Мис Глоуб“ кој во месец Октомври ќе се одржи во Торонто (Канада).

С. Ивановски

4

1

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари