Голем број учесници во сообраќајот кои попладнето се враќаа кон Кочани се пожалија дека експресниот пат Штип – Крупиште бил затворен иако утринава низ него слободно се движеле возилата.

Имено пред клучката кај Крупиште на растојание од 200 метри била истурена на две места поголема количина земја што било еден знак на предупредување дека по патот не може да се движи.

Интересно е што никаде до истурената земја немало знак на предупредување па како што не информираат учесниците во сообраќајот морале некако како знаат и умеат да се снаоѓаат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари