Во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 48, Куманово 21, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 1, Струга 1, Битола 7, Кавадарци 9, Гостивар 4, Гевгелија 1, Струмица 4, Кочани 4, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 4, Берово 1, Виница 7, Свети Николе 3, Кичево 5, Неготино 1.

Починати се два пациенти, пациент од Скопје(88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево(80г.) вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје 37, Куманово 27, Штип 56, Прилеп 3, Тетово 5, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 14, Гевгелија 5, Радовиш 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Свети Николе 11, Кичево 7, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 120950 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари