Во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 38, Тетово 20, Куманово 19, Гостивар 13, Штип 10, Струга 9, Кичево 8, Свети Николе 5, Прилеп 4, Охрид 4, Кочани 4, Кавадарци 4, Велес 3, Демир Хисар 3, Струмица 2, Македонски Брод 2, Пехчево 2, Берово 2, Виница 2, Делчево 1, Неготино 1, Пробиштип 1, Дебар 1, Битола 1, Валандово 1.

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје 117, Дебар 60, Гостивар 42, Куманово 34, Тетово 32, Штип 18, Свети Николе 16, Струмица 13, Крива Паланка 9, Прилеп 5, Кавадарци 5, Неготино 3, Пробиштип 3, Гевгелија 2, Кочани 2, Радовиш 1, Крушево 1, Македонски Брод 1, Берово 1, Виница 1, Кичево 1, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515, бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари