Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 34, Куманово 13, Тетово 8, Струга 1, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 20, Струмица 2, Берово 1, Кичево 3.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: Скопје 35, Куманово 1, Штип 4, Тетово 1, Гостивар 1, Пробиштип 2, Кратово 1, Свети Николе 6.
Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.