По повод 7-ми Септември, Ден на ослободувањето на градот Кочани и 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија утре (Вторник) со почеток во 09:30 часот на теренот на стадионот „Никола Мантов“ ќе започне 10-тиот „Фудбалски турнир за пионери“.

Освен организаторот ФК „Кочани“ на турнирот ќе учествуваат и „Слога 1934“ (Виница), „Каменица Саса“ (Македонска Каменица) и „Вардар“ (Скопје).

Претпладне се играат полу-финалните натпревари, а попладне е натпреварот за третото место и финалето.

Минатата година победник на турнирот беше екипата „Академија Постолов-Пандев“ од Штип.

 

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари