По се изгледа пренатрупаната локална администрација или не си ја доволно познава македонската историја, или тераат некаков инает кога се во прашање одредени личности од времето на НОВ.

Денес беше ден на ослободувањето на Кочани, но за жал спомениците, односно бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, поставени во „Паркот на Револуцијата“ останаа без почит. И денес како и за празникот „Илинден“ никој не се сети да положи свежо цвеќе пред овие бисти, а токму тие двајцата се дел од херојската историја на Кочани.

Денес локалците, заедно со делегациите на „Сојузот на борци“ (Уште има останато борци од НОВ?) и на СДСМ положија свежо цвеќе на „Споменикот на Револуцијата“ на Локубија, но спомениците на Љупчо и Раде, како и на Никола Карев останаа без почит.

Дали е во прашање непознавање на сопствената историја или терање инает кон нешто свето од историјата ќе треба да кажат од семејната зграда во Кочани.

Да се нема пари за три букети цвеќе а да расте превработеноста во семејната зграда е малку смешно но и чудно.

Но такви сме ние, сами си ја негираме историјата а кога некој друг ќе чепне во неа скокаме како попарени.

С. Ивановски

P3830678

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари