Во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 40, Куманово 6, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 13, Струга 4, Битола 3, Охрид 6, Кавадарци 2, Гостивар 18, Струмица 1, Пробиштип 2, Берово 1, Виница 5, Делчево 4, Кичево 7.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје 87, Куманово 18, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 4, Гостивар 9, Македонски Брод 1, Кичево 5, Ресен 6.

Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари