Во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 45, Куманово 18, Дебар 1, Штип 11, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 4, Велес 4, Гостивар 9, Струмица 2, Виница 2, Делчево 4, Свети Николе 3.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје 32, Дебар 1, Штип 20, Прилеп 4, Тетово 4, Велес 3, Битола 5, Гостивар 11, Кочани 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 8, Свети Николе 9, Кичево 12.

Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари