Белата боја која беше поставена на пешачките премини не издржа ниту две седмици. Сликата на некои сообраќајници во градот моментно е многу полоша отколку пред бојадисувањето.

Причината зошто толку краток период сообраќајниците во градот изгледаа добро на никому не му е јасно. Едни велат дека наместо со квалитетна боја се бојадисувало со поли колор, а пак други причината ја бараат во наводно неквалитетниот асфалт.

Што и да е, не е добро, бидејќи потрошени се пари од Буџетот на општината а ефектите се речиси никакви.

Но да се надеваме дека причината ќе се открие брзо и дека сообраќајниците во градот ќе изгледаат како што му личи на еден град со доста густ сообраќај.

С. Ивановски

P3830646

P3830657

P3830663

P3830669

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари