Комисијата за заразни болести усвои нов протокол за ослободување од изолација на пациенти дијагностицирани со ковид-19 вирусот, при што повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања.

Согласно новиот протокол, матичниот лекар генерира извештај за завршување на изолација за:

1. Асимптоматските пациенти на 10-иот ден од позитивниот тест;

2.  За пациентите со симптоми на 20-иот ден од позитивниот тест;

3. Новиот протокол се темели на анализата на МАНУ на повеќе од 10.000 тестирања, а на препорака на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Според анализите, кај пациенти кај коишто е дијагностициран коронавирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, повеќе не е присутен виабилен (репликативно компетентен вирус) којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари