Околу стотина граѓани револтирани што оџакот од фабриката „Пејпер Мил“ и понатака го загадува градот и околината, денес излегоа на мирен протест кој подолг период го најавуваа.

Тие најпрвин го блокираа влезот на фабриката, а потоа и улицата „Тодосија паунов“ со што сакаа да ги поттикнат и останатите граѓани да им се придружат.

Како што најавија овој протест засега е мирен и предупредувачки но доколку менаџерскиот тим на „Пејпер Мил“ не изнајде соодветно еколошко гориво да користи и со тоа продолжи загадувањето на околината, следните протести ќе бидат радикализирани.

Дел од организаторите на протестот истакнаа дека нивна цел не е затворање на фабриката туку користење на еколошко гориво како сите би имале почист воздух за дишење.

72

„ Целта на протестот е да се спротиставиме на загадувањето со кое се соочува Кочани веќе подолг период од неколку години. Врз основа на резултатите од мерните станици ние имаме утврдено дека најголем загадувач во околината е фабриката „Пејпер Мил“ и затоа протестираме. Нашето барање оваа фабрика да почне да користи поеколошки енергенс како што е метанот. Се надеваме дека ќе добиеме поддршка и од локалната самоуправа, од градоначалникот и дека тие ќе излезат со свој став и ќе се потрудат да преговараат со фабриката „Пејпер мил“ за да се изнајде заедничко решение.  Нашата цел не е фабриката да се затвори туку да ги почитува еколошките стандарди за работа“ истакна Горан Соколов, учесник на протестот.

73

Меѓу присутните на процесот беше и членот на Советот на Општина Кочани од независната листа Венко Крстевски кој рече: „Денешниот протест е епилог на гнев кај нашите сограѓани и ние планираме да го канализираме за да го решиме проблемот. За жал, не сум задоволен од бројката на присутни на протестот и оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партиии да го повикаат нивното членство да излезе бидејки проблемот ги засега сите. Да излеземе заедно и да покажеме граѓански капацитет и моќ за проблемот да биде решен.  Проблемот мора да го реши Министерството за животна средина, а  локалната  самоуправа може да прави некој институционален притисок бидејки надлежностите и се ограничени“.

За време на протестот се почитуваа протоколите за здравствена заштита.

С. Ивановски

75

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари