Во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во:  Скопје 32,
Куманово 25, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 5. Гостивар 22, Гевгелија 5, Струмица 1, Радовиш 1, Кочани 2, Пехчево 1, Берово 9, Виница 2,
Делчево 4, Кичево 3.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје 27, Куманово 1, Дебар 3, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 4, Гостивар 9, Крушево 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Кичево 13, Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари