Во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 53, Куманово 19,  Штип 8, Тетово 4, Струга 2, Велес 6, Битола 7, Гостивар 10, Гевгелија 2, Струмица 1, Крива Паланка 2,   Пробиштип 2,  Македонски Брод 3, Берово 2, Делчево 5, Свети Николе 6, Кичево 3, Неготино 2.

Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје 22, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 11,  Битола 2, Охрид 9, Гостивар 5, Демир Хисар 3, Виница 1.

Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари