Согласно препораките и протоколите од Комисијата за здравство и заразни болести денес на трибината на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани го одржа своето Редовно Годишно Собрание.

Од вкупниот број 37 делегати, колку што брои Собранието при ОФС – Кочани денес присуствуваа 22, тројца од оправдани причини го откажаа присуството, но и со оваа бројка беа исполнети сите услови Редовното Годишно Собрание полноправно да работи.

Делегатите најпрвин едногласно го усвоија Записникот од последното одржано Редовно Годишно Собрание (13.02.2019 година), Завршната сметка, како и измените и дополнувањата на Статутот на ОФС – Кочани.

Беа донесени и Одлуки да Статутот на ОФС – Кочани со овие измени и дополнувања се усогласи со Законот за здруженија и фондации, Законот за спорт (АМС) и Статутот на ФФМ.

На крајот делегатите едногласно го усвоија Извештајот за работа поднесен од Претседателот на ОФС – Кочани Љубчо Горгиевски.

На Редовното Годишно Собрание на ОФС – Кочани присуствуваа и претставници од ФФМ.

С. Ивановски

86

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари