Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 28, Куманово 5, Дебар 4, Прилеп 8, Тетово 4, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 2, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 4, Делчево 3, Кичево 3, Неготино 2.

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје 13, Прилеп 1, Велес 2, Гостивар 9, Кочани 2, Македонски Брод 3, Свети Николе 1, Кичево 9.

Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари