Пред неколку денови објавивме дека течат подготовките за ДАФ 2020 година. Благодарение на заложбите и финансиската поддршката што фестивалот  ја доби од Градоначалникот, г. Николчо Илијев и Советот на Општина Кочани, а следејќи ги препораките на Владата на Р. С. Македонија за организирање на настани, Собранието на ДАФ Кочани го најавува одржувањето на традиционалниот фестивал, кој, оваа година наместо во месец мај, ќе се одржи во повеќе викенд изведби, во месец септември и првиот викенд од октомври.

Фестивалот ќе се одржува на отворено, а ќе започе на 6. септември, недела, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Кочани, и тоа на Споменикот на слободата.

Програмата и локациите на настаните ќе бидат објавени на 31.08.2020.

Фестивалската управа ги следи  препораките на здравствените власти и протоколот за организирање на настани од Владата на Република Северна Македонија и најавува фестивал кој строго ќе се придржува до истите.

За подетални информации следете ја фејсбук страницата на ДАФ Кочани.

IMG-7037 - Copy

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари