Ќе престане ли Аикидо Клубот „Нико“ со работа е прашањето кои си го поставуваат 80-тината членови на клубот, како и рекреативците кои посетуваа кардио фитнес.

Ваквото прашање се поставува откако пред три дена (во петокот) до „Нико“ било доставено Известување дека претходно потпишаниот Договор за соработка, односно за користење на салата во ОУ „Никола Карев“  завршува на 06 Септември без обврска истиот да се продолжи.

Во Известувањето стои дека за неколку дена „Нико“ треба да си ги собере реквизитите и да ги ослободи термините за користење на салата.

За да се разјасни целата состојба разговаравме со Директорот на ОУ „Никола Карев“ Владо Андов, кој вели дека насоките се добиени од Општина Кочани, која планирала термините во салата да бидат дадени на користење на други колективни спортови, покрај постојаниот футсал клуб и за новоформираните одбојкарски и ракометен.

Друга причина за прекинување на соработката Андов ја бара во прениската цена за термините во кои работел „Нико“. Имено според Андов средствата кои ги добивале од „Нико“ за користење на салата не ги покривале ниту од далеку направените трошоци.

Сепак во интерес на овој спорт кој едноставно ги запали младите во градот се надеваме дека ќе се изнајде некое решение, истиот да продолжи со работа па макар и во некој од другите спортски сали во градот.

С. Ивановски

P3460431

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари