Во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 38, Куманово 23, Дебар 1, Штип 3, Прилеп 15, Тетово 8, Струга 2, Велес 5, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 12, Струмица 1, Пробиштип 3, Пехчево 2, Берово 3, Виница 1, Делчево 3, Свети Николе 3, Неготино 1.

Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје 19, Дебар 1, Битола 3, Кавадарци 11, Гостивар 22, Демир Хисар 1, Кичево 2, Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари