Во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 53, Куманово 9, Штип 4, Прилеп 13, Тетово 4, Струга 2, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 6, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 3, Пехчево 2, Берово 5, Делчево 6, Свети Николе 3, Кичево 3, Неготино 1.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје 56, Куманово 9, Штип 37, Прилеп 3, Тетово 4, Струга 85, Велес 13, Битола 6, Охрид 34, Гостивар 20, Струмица 3, Крива Паланка 2, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 4, Виница 1, Кратово 1, Кичево 15.

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914, бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари