Во последните 24 часа се направени 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 34, Куманово 20, Штип 5, Прилеп 8, Струга 3, Велес 1, Битола 2, Охрид 4, Кавадарци 2, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, Радовиш 1, Кочани 3, Македонски Брод 1, Берово 6, Валандово 1, Виница 6, Делчево 10, Кратово 1, Свети Николе 5.

Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје 27, Дебар 1, Штип 10, Тетово 11, Струга 5, Битола 1, Гостивар 9, Струмица 5, Радовиш 1, Кочани 1, Виница 4, Делчево 3, Кичево 3.

Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари