Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 7, Куманово 3, Прилеп 8, Тетово 2, Струга 2, Гостивар 11, Гевгелија 2, Кочани 2, Кратово 1, Свети Николе 1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје 6, Штип 21, Тетово 3, Струга 1, Битола 1, Гостивар 6,  Гевгелија 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Виница 2, Кичево 4.

Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари