По повод 7-ми Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември, Независноста на Република Македонија, во организација на ФК „Кочани“ на стадионот „Никола Мантов“ се одржа 10-тиот јубилеен фудбалски турнир за пионери, генерација 2001 и 2002 година.

Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски по кое започнаа полуфиналните натпревари.

Во првиот натпревар „Кочани“ ја совлада „Каменица Саса“ со 4:1, по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 3:3 (3:3). Во вториот натпревар „Вардар“ славеше над „Слога 1934“ 2:0 (1:0).

Во борбата за третото место „рударите“ од Македонска Каменица ја совладаа „Слога 1934“ со резултат 4:3 (1:1), а додека во финалето супериорниот „Вардар“ го победи домаќинот „Кочани“ 5:0 (3:0).

На првопласираните три екипи, организаторот им додели пехари и дипломи. За најдобар голман на турнирот е прогласен голманот на „Каменица Саса“ Роберт Манасиев, најдобар стрелец е Јован Манев од „Кочани“, а титулата за најдобар играч му припадна на Хардин Речица од екипата на „Вардар“.

С. Ивановски

P3840296

P3830696

P3830704

P3830890

P3840239

P3840247

P3840255

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари