Се одиграа натпреварите од 3-тото вонредно коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Две победи остварија домашните екипи а на пет се радуваа гостите. Засега три екипи со максимален број на освоени бодови го запоседнаа врвот на табелата.

Минатогодишниот шампион „Каменица Саса“, „Тиверија“ и „Деспина“ беа убедливи на гостувањата исто како и „Скопје“ и „Шкендија“ од Тетово, додека честа на домаќините ја спасија „Борец“ и „Речица“.

Резултати од 3-тото коло:

„Шкупи“ – „Каменица Саса“  0:9

„Топ Гол“ – „Тиверија“  0:9

„СЦ Истатов“ – „Деспина“  2:4

„Ас Јунајтед“ – „Скопје“  0:3

„Плачковица“ – „Шкендија“  0:4

„Борец“ – „Атлетико“  2:0

„Речица“ – „Љуботен“  2:1

Екипата на „Кочани“ беше слободна во ова коло.

По три одиграни кола на врвот на табелата се „Каменица Саса“, „Тиверија“ и „Деспина“ со по 9 освоени бода.

Во следното 4-то коло кое на програмата е во Недела, екипата на „Кочани“ гостува во Тетово каде домаќин ќе и биде „Шкендија“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари