Како дел од кампањата „Вози одговорно затоа што животот не дава втора шанса“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани и МВР спроведоа сообраќајно едукативна активност се со цел да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот.
Претставници на РПБСП и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани на улицата „Маршал Тито“ , делеа едукативни флаери на тема штетните последици од неодговорното учество во сообраќајот и управување на моторно возило под дејство на алкохол.
Воедно на учесниците во сообраќајот и минувачите им беа делени брендирани заштитни маски со логото на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата се со цел, заштита од КОВИД-19 и потстетување за одговорно однесување и почитување на мерките за заштита.
„Изминатата година на ниво на држава 132 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи, а околу 6000 се повредени. Оваа година статистичките податоци покажуваат дека за првите шест месеци има значително намалување на бројот на загинати и повредени лица, но сепак кога станува збор за човечки живот не можеме да кажеме дека ова бројка е задоволителна. Наша цел е намалување на бројката на загинати и повредени. Апелираме граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, истакна Ристо Манчев, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.