Во последните 24 часа се направени 1574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 43, Куманово 11, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 8, Тетово 4, Струга 5, Велес 1, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 10, Гевгелија 3, Струмица 5, Крива Паланка 5, Кочани 2, Пробиштип 3, Македонски Брод 1, Пехчево 3, Берово 3, Делчево 7, Кратово 1, Кичево 2.

Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61г), пациент од Штип (81г) и двајца пациенти од Гостивар (76г и 81г) и еден пациент од Прилеп (53г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје 37, Штип 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 4, Битола 5, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 14, Крива Паланка 4, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Берово 3, Виница 1, Делчево 3, Свети Николе 3, Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14998, бројката на оздравени пациенти е 12149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2235.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари