Во пресрет на одржувањето на ридско-брзинската трка „Пониква 2020“, денес полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и од Одделението за внатрешни работи – Кочани спроведоа едукативна превентивна акција за користење безбедносен појас при учество во сообраќајот.
На учесниците во сообраќајот им беа делени флаери и друг едукативен материја со цел да ги запознаат од важноста и потребата на носење безбедносен појас при учество во сообраќајот.
Како што беше истакнато трендот на употреба на безбедносни појаси кај возачите и совозачите е во нагорна линија, додека учесниците во сообраќајот кои се на задните седишта речиси никако не ги употребуваат.
Е, токму оваа акција е и тие како и останатите да бидат што подобро информирани со цел да се намалат последиците при сообраќајните несреќи.
Активноста беше спроведена на улицата „Страшо Ербапче“ каде денес фреквенцијата на возила беше доста зголемена бидејќи интересот за ридско-брзинската трка беше мошне голем.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.