Во организација на АКК „Перформанс“ од Скопје а со техничка помош на Автомобилистичката федерација на Македонија изминатите два дена во Кочани на патниот правец Кочани-Пониква се одржа ридско-брзинаска трка од Државниот шампионат во автомобилизам „Пониква 2020“

На патеката долга 5,91 километар (Од Градска депонија до Пашаџиково) учествуваа вкупно 22 возачи поделени во пет категории, претежно од Македонски клубови како и двајца гости од Полска.

127

По категории првите места ги освоија:

Категоријата Е1-1000 Бојан Петрушевски (Рено Твинго) – АКК „Скопје“ ;

Категорија Е1-1200 – Горги Наков (Застава Југо) – АКК „ПСС“ ;

Категорија Е1-1600 – Слободан Трајковски (Застава Југо) – АКК „Перформанс“,

Категорија Е1-2000 – Димитриј Кимовски (Хонда Цивик) – АКК „Перформанс“ и

Категорија Е1+2000 Грегорж Дуда (Полска) со (Хјундаи 1200) – „Дуда Мотоспорт“.

Дејан Манасиев од Кочани со своето „Рено Клио Спорт“ кој настапува за екипата на АКК „Перформанс“ во вкупниот пласман го освои второто место во категоријата Е1-2000.

Ридско-брзинската трка „Пониква 2020“ предизвика голем интерес кај љубителите на овој спорт и на брзините за што сведочи максималната исполнетост долж целата патека.

С. Ивановски

35

85

115

155

175

 

205

31

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари