Во неделата некаде околу 18:00 часот на просторот од „Аеродромот„ кон паркиралиштето на „Пониква“ се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала само со мала материјална штета.

Имено, во 18:35 часот во ПС Кочани пријавена е сообраќајка на патниот правец Кочани-Пониква во која учествувал четирицикал од непозната марка со скопски регистарски таблички управуван од лицето ЃЃ (50) од Скопје.

Во сообраќајката со полесни повреди се здобил ЃЃ и неговата сопатничка СЃ (49) кои по укажаната лекарска помош во Општ Болница во Кочани се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид од екипи на ПС Кочани со овластување на Јавен Обвинител.

Причината за несреќата не е уште позната.

P3780672

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари