На програмата беа натпреварите од 4-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Шест победи за домаќинките и само една за гостите е билансот по денешните седум натпревари.

Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Тетово претрпе нов висок пораз на кој сепак успеаја годинава да го постигнат првиот погодок.

Водечката тројка „Тиверија“, „Каменица Саса“ и „Деспина“ беа немилосрдни домаќинки, тие со високи резултати ги испратија своите противници.

Резултати од 4-тото коло:

„Шкендија“ – „Кочани“  11:1

„Каменица Саса“ – „Борец“  8:0

„Тиверија“ – „Атлетико“  7:0

„Деспина“ – „Шкупи“  11:0

„Љуботен“ – „Плачковица“  1:0

„Скопје“ – „Речица“  4:0

„Топ Гол“ – „Ас Јунајтед“  3:4

Во следното 5-то коло „Кочани“ ја пречекува екипата на „Љуботен“.

С. Ивановски

79

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари