Во предвечерието на свеченото отворање на 57-то издание на ДАФ, во присуство на медиумите од општината Претседателот Дарко Спасов го престави годинешниот фестивал насловен како „Викај ура“.

Ги запозна присутните дека сите претстави ќе си играат на отворено, односно според протоколот за одржување настани во услови на пандемија. Токму поради пандемијата фестивалот че се одржува и во месев Октомври односно во период кога временските услови тоа ќе го дозволуваат.

И годинава трета година по ред околу организацијата на самите претстави и се што е околу самиот фестивал ќе се грижат и волонтерите од СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано за вечерва (Понеделник) по завршување на Свечената седница на Советот на Општина Кочани а истиот ќе биде отворен со монодрамата „Лидија, или сé што знам за жените“ во изведба на Игор Трпчески – Трпче од театарска работилница Прилеп.

С. Ивановски

DAF

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари