Утре (Среда) продолжуваат натпреварите во Првата Фудбалска Лига за жени.

На програмата е 5-тото коло во кое за очекување е фаворитите да дојдат до три нови бода и „мртвата трка“ за првото место да продолжи.

Екипата на „Кочани“ по враќањето на Анета Ѓорѓиева на теренот со доста оптимизам ја пречекува екипата на „Љуботен“ со надеж дека ќе се дојде и до првата победа во ова првенство.

Во ова коло сите три водечки екипи гостуваат.

Комплет натпревари од 5-тото коло:

„Кочани“ – „Љуботен“

„Атлетико“ – „Каменица Саса“

„Ас Јунајтед“ – „Тиверија“

„Речица“ – „Топ Гол“

„Плачковица“ – „Скопје“

„СЦ Истатов“ – „Шкендија“

„Борец“ – „Деспина“

Натпреварот во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ започнува во 17:00 часот и истиот ќе се игра без присуство на гледачи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари