Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 24, Куманово 6, Дебар 4,  Штип 3, Прилеп 1, Тетово 2, Струга 9, Велес 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 4, Гевгелија 3, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 3, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делчево 3, Свети Николе 1.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје 8, Куманово 7, Штип 4, Тетово 1, Струга 4, Велес 2,  Битола 2, Охрид 4, Гостивар 11, Гевгелија 1, Крива Паланка 2, Кочани 1, Берово 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари