Како во некогашните вестерн филмови денес точно напладне во блокот „А“ од Трговскиот центар, поточно од неговата северна страна каде нема тераси, туку само мали прозорци некој вистински „домаќин“ со домашно воспитување од мали нозе се погрижи истовремено да фрли опушоци од цигари, малку домати и една умрена или отепана птица.

И сето тоа што дома му сметало го фрли во моментот кога на платото пред пицериите се појавија две млади момчиња и една девојка.

Глетката за мерак, а жителот на централното градско подрачје си го затвори прозорецот како ништо да не бил.

Е тоа ти е големината на домашното воспитување.

С. Ивановски

P4030021

P4030022

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари