На 09.09.2020 во 07.34 часот во СВР Штип, било пријавено дека на локалниот пат Кочани – с.Бели, кај место викано ,,Дабо“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,фиат пунто“ со кочански регистарски ознаки управувано од Т.М.(40) од Кочани излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.Т.(25) од Кочани, кои биле пренесени во Општата болница Кочани.

Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

ИЗВОД:  СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари