Добрите временски услови продолжуваат да ги повикуваат љубителите на природата и планинарењето на нови и нови активности.

Во пресрет на двата празника 7-ми септември – Ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември – ден на независноста на Македонија членови од ПСК „Осогово“ од Кочани учествуваа во три акции.

Најпрвин заедно со Предизвикувачите на 12-те врвови во организација на „Трансферзалец“ од Скопје една група имаше искачување на „Китка“ (1.903 метри надморска височина) а другата на „Царев врв“ (2.085 метри надморска височина).

Искачувањата финишираа во неделата со искачувањето на највисокиот врв во Македонија „Кораб“ (2.764 метри надморска височина) и и во соработка со ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија на „Раткова Скала“ (1.250 метри надморска височина).

И овде нема застанување, активностите продолжуваат.

Веќе за во Недела (13-ти септември) планирано е искачување на највисокиот врв на планината „Баба“, врвот „Пелистер“ (2.601 метар надморска височина). Искачувањето на „Пелистер“ ќе биде по стандардната патека со старт од „Ловечката куќа“.

С. Ивановски

52

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари