По една седмица пауза поради настапите на Македонската репрезентација,, во сабота продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток.

На програмата 3-тото коло во кое екипата на „Осогово“ најавува атак кон првата победа во оваа сезона. Во Кочани гостува екипата на „Тиквеш“ која важи се еден од кандидатите за освојување на првото место, но формата на „жолто-сините“ е во нагорна линија а ако се додаде дека екипата е одлично физички подготвена тогаш и има оправдување за оптимизмот.

Екипата на „Слога 1934“ по првата победа во второлигашкото друштво со оптимизам патува во „Радовиш“. Каменица Саса“ го пречекува  лидерот на табелата а штипските сини гостуваат кај незгодниот „Кожуф“ исто како и „Кит Го“ кај новиот второлигаш од Росоман.

Натпреварот во Кочани ќе го суди Никола Костенчев, а негови помошници ќе му бидат Саше Тошевски и Филип Ицковски сите од Скопје.

Двојки за 3-тото коло:

„Осогово“ – „Тиквеш“

„Плачковица“ – „Слога 1934“

„Каменица Саса“ – „Победа“

„Росоман“ – „Кит Го“

„Кожуф“ – „Брегалница“.

Натпреварите се играат без присуство на гледачи а истите започнуваат во 16:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари