Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Жетварите“ со оптимизам го дочекаа првиот натпревар на домашен терен во ова првенство, но според сето она што го покажаа против добрата екипа на „Тиквеш“ на крајот заслужено загубија со 0:3 (0:1). Централна фигура на натпреварот беше Симеон Христов кој ги постигна сите три погодока за Кавадарчани.

Екипата на „Слога 1934“ по за нив шокантниот пораз во првото коло од новакот во лигата „Росоман“ врза две победи и  со шест бода е во горниот дел на табелата. Виничани денес во Радовиш со голот на Бујчевски и го нанесоа третиот последователен пораз на „Плачковица“ и ја заковаа на последното место на табелата без ниту еден освоен бод.

DSCN0173

На првата победа се израдуваа и „рударите“ во Македонска Каменица. Голот на Крстевски на десетина минути до крајот на натпреварот внесе радост кај домашните играчи и први три освоени бода за Гордан Здравков откако од ова првенство наместо да игра фудбал се посвети на тренерскиот повик.

„Росоман“ и „Кит Го“ одиграа натпревар без победник. Миланов и Ѓорѓиев стрелаа за домаќините а Алексовски (пенал) и Алпај Јусуф за Пехчевци.

Лидерот на табелата „Брегалница“ ја забележа и третата победа во првенството. Штипските “сини“ со доста мака го совладаа жилавиот Кожуф во Гевгелија благодарение на головите на Наумов и Кујдијан во длабокото судиско продолжение.  Голот за домаќините со кој Гевгеличани израмнија беше дело на Кирил Стојков.

DSCN0266

Резултати од 3-тото коло:

„Осогово“ – „Тиквеш“  0:3

„Плачковица“ – „Слога 1934“  0:1

„Каменица Саса“ – „Победа“  1:0

„Росоман“ – „Кит Го“  2:2

„Кожуф“ – „Брегалница“  1:2.

На табелата води „Брегалница“ со 9 освоени бода пред „Тиквеш“ 7, „Победа“ и „Слога 1934“ 6, „Кожуд“ и „Росоман“ 4, „Каменица Саса“ 3, „Кит Го“ 2, „Осогово“ 1 и „Плаковица“ без бодови.

Во следното коло „Осогово“ и гостува на „Брегалница“, а „Слога 1934“ го пречекува „Кожуф“.

С. Ивановски

DSCN0298

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари