Донеодамнешниот фудбалер на „Осогово“ од Кочани Мирче Натков, по една година пауза денес се врати на зелениот терен, овој пат како тренер на новиот Третолигаш „Чешиново 2015“.

Натков својот нов предизвик го започна со победа откако неговата екипа со пресврт го совлада „Малеш“ во Берово со резултат 3:2 (1:2).

Малешевци добро го отворија натпреварот и поведоа со 2:0 за да гостите од Чешиново откако се созедоа најпрвин намалија на 1:2 а со два нови гола во второто полувреме дојдоа и до победа од 3:2.

Головите за „Чешиново 2015“ ги постигнаа Филип Бојажиев (2) и Мики Јакимов (1).

Датумот кога и дали ќе започне Трета Фудбалска Лига – Исток никој со сигурност не може да го каже па затоа екипите кои го пријавија своето учество продолжуваат да закажуваат контролни натпревари со цел што поспремни да го дочекаат првенството.

Следната недела токму во рамките на подготовките во Чешиново ќе гостува екипата на „Раклиш“ од Радовиш.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари