На програмата беа натпреварите од 6-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Девојчињата на „Кочани“ со нов висок пораз го завршија колото. Во Скопје од истоимениот клуб примија четиринаесет голови и со гол разлика 03:57 и без ниту еден освоен бод цврсто го држат последното место на табелата.

Дерби натпреварот во Струмица им припадна на домаќините кои со три гола разлика го совладаа минатогодишниот шампион.

По поразот на „Каменица Саса“ осамена на првата позиција е екипата на „Деспина“ која досега ги освои сите осумнаесет бодови.

Резултати од 6-тото коло:

„Скопје“ – „Кочани“  14:0

„Тиверија“ – „Каменица Саса“  3:0

„Деспина“ – „Атлетико“  11:0

„Шкендија“ – „Шкупи“  4:1

„Љуботен“ – „СЦ Истатов“  0:4

„Топ Гол“ – „Плачковица“  4:1

„Ас Јунајтед“ – „Речица“  3:1

Поради репрезентативни обврски следниот викенд девојчињата ќе паузираат а во 7-мото коло кое се игра на 27 Септември „Кочани“ ја пречекува екипата на „Топ Гол“.

С. Ивановски

119483582_3242055485844306_

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари