На 13.09.2020 во 12.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, од кочанската болница било пријавено дека околу 11.30 часот во с.Чифлик, при изведување на градежни работи со повреди се здобиле М.Е.(61) и Д.Г.(68), двајцата од Скопје.

Притоа, М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, додека Д.Г. со телесна повреда, констатирани во болницата во Кочани.

Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари