На 21 септември 2020 година, Општина Кочани организира велосипедска тура на релацијата: Градски плоштад Кочани – Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Долни Подлог – Кочани.

Се повикуваат љубителите на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија да се вклучат во 15-километарската прошетка со велосипеди, која ќе се спроведе по сите протоколи за заштита од ширење на коронавирусот.

Заинтересираните учесници треба да се пријават на е-адресата: info@kocani.gov.mk.

Велосипедската прошетка ќе започне во 17 ч.

Со настанот Општина Кочани ќе ја одбележи Европската недела на мобилност и ќе го поттикне користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина.

84

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари