По  повод 24 манифестација  „Денови  на кочанскиот  ориз – 2015“, Општина  Кочани  распиша Конкурс  за  жетварска  убавица.

На конкурсот  може да  се  пријави секоја девојка  од  општина  Кочани  со наполнети  15 години, со предиспозиции за  убавина, креативност, комуникација и претставителност.

Изборот  на жетварска  убавица   е  значајна  културна содржина   од  манифестација  „Денови  на кочанскиот  ориз“  и претставува уникатен уметнички перформанс на кој е чест да се учествува.

За учесниците и победниците на изборот, Градоначалникот и бизнис секторот ќе обезбедат пригодни подароци.

Девојките ќе бидат облечени во креации подготвени специјално за таа пригода.

Пријавувањето   за  избор  на жетварска  убавица трае  од  9 до 18 Септември 2015 година.

Контакт  телефон: 033/274-001;  072-275-632  кај  Ленче Карова  –

Општина  Кочани  или  на меил: l.karova@kocani.gov.mk

Општина Кочани

Одделение  за  јавни  дејности

Организациски одбор на манифестацијата

„Денови  на кочанскиот  ориз  2015“

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари